Свет Продолжува потрагата по авионот на „Ер Азија“

Продолжува потрагата по авионот на „Ер Азија“

Продолжува потрагата во Јаванското Море по 162 патници од авионот на малезиската авиокопанија „Ер Азија“, јавуваат светските медиуми. Поради силната бура и големите бранови, кои достигнуваат височина и до 2,5 метри, отежната е работата на спасувачки тимови.

Како што јавуваат локалните медиуми, досега седум тела се извлечени од морето, а голем темен објект, за кој се верува дека е исчезнатиот авион на „Ер Азија“, е регистриран на дното на морето.