Економија Продолжува наградната игра „Фискална во рака, награда без мака“

Продолжува наградната игра „Фискална во рака, награда без мака“

Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, денеска официјално му го предаде клучот на битолчанецот Трајан Ивановски, кој е добитник на станот од наградната игра „Фискална во рака, награда без мака“ од 13. извлекување на 29 декември 2014 година.

Ставрески му честита на добитникот и истакна дека наградната во целост ги исполнила очекувањата на Владата и најави дека таа ќе продолжи и годинава.