fbpx

Ангеловска: Започна поврат на ДДВ кон граѓаните, ќе продолжи и следните денови

-

Исплатата на повратот на ДДВ од скенираните сметки започна денеска и ќе се извршува непречено во претстојните денови, сѐ додека не се исплатат сите граѓани кои оствариле право на поврат во првото тримесечје, во износ од околу три милиони евра, рече на прес – конференција министерката за финансии Нина Ангеловска.

Како што посочи Ангеловска, денеска се исплатени сите налози кои пристигнале од УЈП за поврат на ДДВ и дека на сметките на 16.600 граѓани ќе легнат околу 21 милион денари.

– Апелирам до сите граѓани да ги проверат трансакциските сметки кои ги внеле за поврат на ДДВ, бидејќи и претстојните денови ќе продолжи повратот на ДДВ. Над 180.000 граѓани секој месец во просек скенираат фискални сметки и за овие 5 месеци скенирани се над 40 милиони фискални сметки, односно околу 8 милиони сметки месечно – рече Ангеловска.

Таа посочи дека просечната старост на лица кои скенираат фискални сметки е од 42 – 44 години. Најмногу скенираат сметки во скопските општини Аеродром, Кисела Вода, Центар и Карпош, како и во Битола и во Штип.

Ангеловска најави и дека од 15 декември започнува МојДДВ #МојаНаграда и дека ова ќе биде уште еден мотив плус за граѓаните да ги скенираат фискалните сметки и со тоа да придонесат во борбата против сивата економија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...