Свет Продолжува евакуацијата на цивили и на бунтовници во Алепо, соопштија сириските власти

Продолжува евакуацијата на цивили и на бунтовници во Алепо, соопштија сириските власти

Сириските воени претставници денеска соопштија дека се направени сите подготовки и оти евакуацијата на цивили и на бунтовници од Алепо може да почне во „секој момент“.

Опозициските набљудувачки групи синоќа соопштија дека евакуацијата веќе почнала, но новите наводи не можеа веднаш да бидат потврдени.

Спогодбата за евакуација на бунтовниците и на цивили од источен Алепо повторно е постигната и ќе почне да се спроведува наутро, соопштија синоќа сириските бунтовници.

Анкара и Москва во вторникот постигнаа договор за прекин на огнот во Алепо за да се овозможи евакуација на цивили, но нападите продолжија и во средата наутро.