Свет Продолжено примирјето во Алепо

Продолжено примирјето во Алепо

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека за 72 часа е продолжено примирјето во северниот сириски град Алепо и во делови од покраината Латакија, јави сириската државна новинска агенција САНА.

Локалното примирје во градот Алепо стапи на сила на 4 мај.

Во северната провинција Латакија, првото примирје стапи на сила на 29 април, по што пропадна примирјето во западните делови на Сирија, постигнато со посредништво на Вашингтон и на Москва.