Свет Продолженa вонредната состојба во Фергусон

Продолженa вонредната состојба во Фергусон

Властите во округот Сент Луис ја продолжија вонредната состојба во градот Фергусон за уште најмалку 24 часа. Вонредната состојба беше воведена три дена по избувнувањето на насилните протести за време на одбележување на годишнината од смртта на афроамериканскиот тинејџер Мајкл Браун, кој беше убиен од бел полицаец.

Протестите од понеделникот се многу помирни и во последните 48 часа никој не е уапсен.
За време на мирниот марш по повод одбележувањето на годишнината од убиството на Мајкл Браун, дојде до престрелка помеѓу полицијата и 18-годишниот Афроамериканец Тајрон Харис, кој е обвинет за напад на полициски службеник.

За време на протестите во Фергусон уапсени се околу 150 луѓе.

Браун беше убиен од полицаец белец на 9 август минатата година во Фергусон, што покрена основање на општонационално движење „Животите на црнците значат“.