Економија Продолжен рокот за легализација на дивоградбите

Продолжен рокот за легализација на дивоградбите

Владата ги продолжи роковите за легализација на дивоградбите по едно евро за еден квадратен метар, до 31 март 2016 година.

Ова денеска го најави премиерот Никола Груевски.

– Но, ова не значи дека за новите што почнале да градат дивоградби подонесување на Законот за легализација, се дозволува повторно легализирање. Ова продолжување е за тие што тогаш, кога се носеше Законот за легализација на дивоградби, од различни причини не стигнале да поднесат барање – истакна премиерот.