Македонија Продолжен притворот на осомничените за киднапирањата и убиствата на Вања и Панчо

Продолжен притворот на осомничените за киднапирањата и убиствата на Вања и Панчо

На петтемина осомничени притворот им е продолжен за нови 30 дена

Фото: Мета.мк

Кривичниот суд од Скопје им го продолжи притворот за 30 дена на петтемина осомничени за киднапирањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски, информираат од овој суд.

Три лица (В.М., В.К. и Б.В.) се осомничени за киднапирањата и убиствата на Вања и Панче, додека таткото на убиеното девојче е осомничен за киднапирање на ќерка си. С.Д. е осомничен дека му помогнал во бегството на првоосомничениот Љупчо Палевски, кој се наоѓа во екстрадиционен затвор во Турција. Тој на 5 декември 2023 година беше уапсен од турската полиција како се движи пешки по автопат кај градот Беликесир.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.