Хроника Прободен малолетник во трговскиот центар „Лептокарија“

Прободен малолетник во трговскиот центар „Лептокарија“

Ученик бил ранет со нож утринава околу 10 часот и 30 минути пред пекарницата „Специјал“, во трговскиот центар „Лептокарија“, пренесува проталот „Прес 24“.

Според информациите на порталот, инцидентот почнал како вербална расправија меѓу средношколци од ГУЦ „Здравко Цветковски“, по што еден од учениците извадил нож и нападнал друго момче. Сторителот бил малолетен ученик од село Грчец. Повреденото момче добило телесни повреди, поради што итно интервенирала Брза помош. Сторителот се дал во бегство, но по кусо време било приведено едно лице, кај кое е најдено оружјето со кое е извршен нападот. Сè уште се утврдува дали се работи за сторителот на делото. Истрагата е во тек.