Свет Балкан Во Србија приведено лице кое го навредувалo семејството на премиерот Вучиќ

Во Србија приведено лице кое го навредувалo семејството на премиерот Вучиќ

Српската полиција денеска во координација со обвинителството за високо-технолошки криминал, го уапси М.Р (28) кој е осомничен дека им се заканувал на членовите на семејството на премиерот на Србија, Александар Вучиќ, како на „Фејсбук“ така и во коментари на веб-страницата на еден весник, јавува дописничката на „Мета“ од Белград.

При претресот, полицијата кај осомничениот пронашла мобилен телефон преку кој тој пристапувал на „Фејсбук“, под псевдоним „Дете на Партизан“ и преку тој профил се заканувал, соопшти српското Министерство за внатрешни работи.

На осомничениот му е одредена мерка притвор од 48 часа, по што ќе му биде поднесена кривична пријава.

Вучиќ денеска изјави дека корисник на „Фејсбук“, на веб-страницата на дневниот весник „Курир“ пишувал навреди кон неговата малолетна ќерка и тоа тешко го поднел.

– Не знам каков психопат треба да бидете за да навредувате мртва малолетна ќерка, која притоа е жива и здрава и е најдобра ученичка која зборува три јазици – изјавил Вучиќ денеска во Собранието на Србија.