Македонија Приведено лице што се јавувало преку телефон со лажни информации за сообраќајќи...

Приведено лице што се јавувало преку телефон со лажни информации за сообраќајќи на блиски

Извор на фотографија: МВР

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска во 9 часот на Граничниот премин Деве Баир го лиши од слобода Н.П.С. (34) од Плевен, Република Бугарија. Тој им се јавувал на повозрасни лица во земјава и успевал да ги доведе во заблуда дека член на нивното потесно семејство предизвикал сообраќајќа и има загинато дете, и доколку сакаат да го спасат од одење во затвор, барал да им платат поголема сума на пари.

„По претходно преземени оперативно тактички мерки од страна на СВР Скопје и добиени оперативни податоци од бугарските полициски служби, утврдено е дека Н.П.С. е сторител на повеќе кривични дела „измама“ по чл.247 од КЗ. Имено, во периодот од 18.09 до 01.10. на подрачјето на СВР Скопје биле пријавени осум измами, при што од оштетените- повозрасни лица, тој успеал да одземе околу 40.000 евра и злато во вредност од околу 10.000 евра“, се наведува во соопштението на МВР.

При извршениот претрес од полициските службеници, кај Н.П.С. се пронајдени 10.400 евра, картици за телефон, телефон и други предмети поврзани со кривичните дела. По документирање на случаите, ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.

„Апелираме до граѓаните да внимаваат и да не наседнуваат на вакви измами, а доколку добијат вакви повици, случајот веднаш да го пријават во најблиската полициска станица или на бесплатниот телефонски број 192“, се наведува во соопштението на МВР.