Хроника Приведени уште четири лица за убиството на 24-годишниот чаирчанец

Приведени уште четири лица за убиството на 24-годишниот чаирчанец

Полицијата денеска извршила претреси и привела уште четири лица за убиството на 24-годишниот Б.И. кој беше застрелан на автобуска постојка на улицата „Џон Кенеди“ во Чаир пред една седмица, велат од МВР.

Во претходната ваква акција, ден по убиството, беа приведени три лица и беше пронајден автомобилот „југо“ во кој биле убијците.