Хроника Приведени странски државјанки при контрола на тетовски локали

Приведени странски државјанки при контрола на тетовски локали

Екипа на тетовската полиција ноќеска спровела контрола во четири угостителски објекти на подрачјето на Тетово и на Гостивар и во дел од нив затекнала дваесетина странски државјанки, за кои постојат сомневања дека го злоупотребиле туристичкиот престој во земјава, работејќи како танчерки во локалите.

Според полицијата, странски државјанки биле затекнати во локалите во Тетовско, додека во двата угостотелски објекти во Гостиварско, во кои влегле полициските екипи, не бил регистриран таков случај.

Оттаму информираат дека при контролата во угостителскиот објект „Енерџи-клуб“, на регионалниот пат Тетово – Сараќино, биле затекнати 10 девојки, од кои девет биле српски и една државјанка на Република Македонија, а на возраст од 21 до 45 години.

Девојките заедно со сопственикот на локалот биле приведени и задржани во полициската станица во Тетово.

Во „Ориентал ас“ во Жеровјане, пак, приведени биле 15 државјанки на Република Србија.