Хроника Приведени 14 илегални мигранти

Приведени 14 илегални мигранти

Вчера, околу 6.45 часот, полициски службеници од полициската станица Сопот, од правец на село Речица и село Ваксинце забележале како од автомобил „мерцедес“ со скопски регистарски таблички излегуваат 14 мигранти, кои веднаш почнале да бегаат.

Полициските службеници ги привеле мигрантите, кои по извршениот разговор изјавиле дека за паричен надоместок биле превезени со возилото.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицето и на возилото.