Македонија Приведени 102 лица кои не го почитувале полицискиот час

Приведени 102 лица кои не го почитувале полицискиот час

МВР известува дека во текот на изминатото деноноќие, во државата вкупно 263 лица не ја почитувале мерката за забрана на движењето. Полициските службеници привеле 102 лица, 46 лица биле опоменати, a за другите се изготвени соодветни записници и доставени до надлежното ОЈО.

Во текот на вчерашниот ден на 180 лица им се издадени решенија за изолација, додека 98 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли над граѓани во изолација и самоизолација, при што било евидентирано дека три лица не ги почитувале овие мерки, односно не биле пронајдени во својот дом. При проверка на објекти во изминатите 24 часа извршени се вкупно 289 контроли и во три случаи е констатирано непочитување на мерките.