Главна секција Приведена Катица Јанева

Приведена Катица Јанева

Полициски сили предмалку влегоа во домот на Катица Јанева во скопската населба Козле. По наредба на шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска, специјалната јавна обвинителка е уапсена

Полициски сили предмалку влегоа во домот на Катица Јанева во скопската населба Козле. По наредба на шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска, специјалната јавна обвинителка е приведена.

Како што потврдија од Обвинителството, Катица Јанева е приведена поради кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластувањата“ за предметот „Рекет“, за кој веќе се во притвор Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец.

Јавното обвинителство за попладнево закажа прес – конференција, на која се очекува изнесување на дополнителни информации за случајот „Рекет“.