Македонија Приведен тетовец – на социјалните мрежи направил лажен профил од малолетничка и...

Приведен тетовец – на социјалните мрежи направил лажен профил од малолетничка и ја уценувал за секс

И.С. е задржан во полициска станица и против него е поднесена кривична пријава, а денеска ќе биде изведен пред судија на претходна постапка

Photo by freestocks on Unsplash

Полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода И.С.(29) од с.Церово, тетовско.

Тој бил пријавен од малолетничка од Тетово дека на социјални мрежи креирал неколку профили на нејзино име на кои поставил слики од малолетничката, кои без нејзина дозвола ги одзел од нејзиниот профил, а потоа од неа барал да имаат сексуални односи доколку сака да бидат избришани профилите.

„И.С. е задржан во полициска станица и против него е поднесена кривична пријава, а денеска ќе биде изведен пред судија на претходна постапка“, извести МВР.