Македонија Приведен џебџија во Скопје – украл мобилен телефон од малолетничка

Приведен џебџија во Скопје – украл мобилен телефон од малолетничка

Крадецот бил откриен близу Бит Пазар во Скопје. Тој при качување во автобус бил затекнат во вршењето на кражбата на мобилен телефон од малолетничка од Скопје

Фото: МВР

Скопјанец стар 55 години вчера бил приведен од полицијата, откако бил фатен на дело крадејќи мобилен телефон од девојка.

Крадецот бил откриен близу Бит Пазар во Скопје. Тој при качување во автобус бил затекнат во вршењето на кражбата на мобилен телефон од малолетничка од Скопје.

Телефонот бил вратен на сопственичката, а лицето било приведено во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.