Хроника Приведен дилер на дрога во Неготино, запленети марихуана, хероин, кокаин

Приведен дилер на дрога во Неготино, запленети марихуана, хероин, кокаин

Полициски екипи вчера извршиле претрес во домот на 41-годишниот А.Т. во Неготино каде пронашле и заплениле различни видови наркотици, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Како што информираат од Министерството, во домот на неготинецот биле пронајдени и одземени 1,5 килограми марихуана, 20 таблети екстази, 36 шишиња метадон, околу 10 грама кокаин, околу 110 грама хероин, една дигитална вага и 36.000 денари, за кои постои сомнение дека потекнуваат од продажба на дрога.

Осомничениот А.Т., како што се наведува во соопштението, дрогата ја продавал на лица од подрачјата на Неготино, Кавадарци, Демир Капија, Валандово и Струмица.

Тој е приведен и против него ќе биде поднесена кривична пријава за недозволено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстаници и ќе биде предаден на надлежен судија за понатамошна постапка.