Хроника Притворен скопјанец, осомничен за трговија со хероин

Притворен скопјанец, осомничен за трговија со хероин

Скопската полиција поднела кривична пријава против 25-годишниот Б.Ш., осомничен за неовластено производство и пуштање во промет на наркотичи дроги, психотропни супстанци и прекурсори, соопшти полицијата.

Судија на претходна постапка на осомничениот скопјанец му одредил мрека притвор од 30 дена.

Според полициските информации, единицата за недозволена трговија со дрога добила информации дека осомничениот во текот на јуни оваа година, од непознато лице набавил поголемо количество хероин и повеќе шишиња метадон, кои ги продавал на наркозависници во Скопје.

По наредба на судија на претходна постапка, полициските единици извршиле претрес во неговиот дом, каде пронашле и одзеле 12,57 грама хероин, спакуван во 13 најлонски пакувања, девет шишиња метадон од 10 милилитри, четири шишиња хептанон од 10 милилитри и една дигитална вага, на која по извршеното вештачење, биле детектирани траги од хероин.