Хроника Малолетник притворен за обид за тешка кражба

Малолетник притворен за обид за тешка кражба

Судија на предходна постапка му изрекол 30-дневен притвор на 14-годишно момче, против кое скопската полиција поднела кривична пријава за обид за тешка кражба, соопшти МВР.

Според полициските информации, малолетник на почетокот на октомври годинава, со намера да изврши кражба, провалил во куќа во населбата Драчево, откако со погоден предмет успеал да извади една од решетките на заштитната врата и потоа и да ја обие вратата од балконот.

Без да направи поголемо претурање, тој се откажал од намерата бидејќи не нашол ништо вредно, па побегнал од куќата.

Штетата што ја предизвикал била проценета на 6.000 денари.

По преземените мерки, полицијата го уапсила малолетникот, против кого, според евиденцијата на МВР, во текот на 2014 година биле поднесени девет криивични пријави за извршени 14 кривични дела.