Македонија Пристигнаа новите американски воени возила JLTV за македонската армија

Пристигнаа новите американски воени возила JLTV за македонската армија

Проектот „Набавка на лесни оклопни возила на тркала“ е започнат во 2019 година со склучување на Договори помеѓу Владите на Република Северна Македонија и САД

Извор на фотографија: Министерство за одбрана

Македонската армија досега доби 32 лесни оклопни возила JLTV Oshkosh од американско производство. Министерството за одбрана информира дека пристигнал воениот конвој со новите возила на Армијата.

„Лесните оклопни возила JLTV се дел од процесот за модернизација и опремување на Армијата на Република Северна Македонија согласно НАТО стандардите и истите ќе бидат поддршка на Лесната пешадиска баталјонска група во Штип, која воедно е нашата НАТО единица“, стои во соопштението на Министерството за одбрана.

Проектот „Набавка на лесни оклопни возила на тркала“ е започнат во 2019 година со склучување на Договори помеѓу Владите на Република Северна Македонија и САД.