Свет Припадници на тајната служба влетале во оградата на Белата куќа

Припадници на тајната служба влетале во оградата на Белата куќа

Тајните служби задолжени за безбедноста на американскиот претседател покренаа истрага за двајца свои припадници под сомневање дека по ноќно забавување, со автомобил се удриле во безбедносната ограда на Белата куќа, пишува „Вашингтон пост“.

Агентите кои биле пред зградата таа вечер, на 4 март, кога се случил инцидентот, сакале своите колеги да ги стават во службено возило и да им направат алкотест, но нивниот шеф им нареди да ги пуштат дома, пишува весникот.

Портпаролот на тајната служба, Брајан Лири, потврди дека е покрената истрага, додавајќи дека ја води главниот инспектор во министерството за внатрешна безбедност. Тој не откри за што се товарат двајцата агенти, од кои еден е раководител на службата на личното обезбедување на претседателот Обама.