Економија „Принцес груп“ ќе гради хотел кај граничниот премин Богородица

„Принцес груп“ ќе гради хотел кај граничниот премин Богородица

Казино Принцес

Компанијата „Принцес груп“, која пред четири дена ја купи градежната парцела кај граничниот премин Богородица, вчера уплати 23,2 милиони денари, односно 375.000 евра, за земјиштето, информираат од Општина Гевгелија. На парцелата кај локалитетот Милци, со површина од 16.064 квадратни метри, инвеститорот ќе изгради хотелски комплекс. Објектот ќе се простира на површина од околу 72.000 квадратни метри и ќе се издигне најмоногу до десет ката. Во рок од една година треба да се обезбеди одобрение за градење, а изградбата треба да заврши најдоцна 10 години по добивањето градежна дозвола.

„Принцес груп“ е сопственик на хотелот „Рамада плаза“ и на казиното „Принцес“, кои се наоѓаат во непосредна близина на продадената локација, на спротивната страна од автопатот што води кон граничниот премин Богородица.