Хроника Прилепчанец со „југо“ удрил во куќа

Прилепчанец со „југо“ удрил во куќа

Триесет и четиригодишен прилепчанец вчера, околу 18.10 часот, со автомобил, марка „југо“, удрил во куќа на улицата Сремски фронт, информираат од полицијата.

Во несреќата, прилепчанецот добил тешки телесни повреди и бил задржан во прилепската општа болница за понатамошно лекување.

Според полицијата, тој не поседувал возачка дозвола за управување со моторни возила, а и сообраќајната дозвола не му била со продолжена важност.

Увид на местото извршила екипа на полициската станица Прилеп.