Македонија Прилепчанец лажел жена дека ќе ѝ купи апартмани во Струга, ѝ изнудил...

Прилепчанец лажел жена дека ќе ѝ купи апартмани во Струга, ѝ изнудил 23.000 евра

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Б.К. (41) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „измама“

Фото: ROBIN WORRALL on Unsplash

Измама од 23.000 евра сторена преку мобилни апликации е пријавена во полицијата од жена, која била доведена во заблуда дека 41-годишен прилепчанец ќе ѝ помогне да купи три апартмани во Струга, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„СВР Струмица поднесе кривична пријава против Б.К. (41) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „измама“. Пријавениот, лажно претставувајќи се во име на лице од Струмица, преку мобилни апликации довел во заблуда жена од Скопје дека ќе ѝ помогне при купување на три апартмани во Струга, за што во неколку наврати извршила уплата на парични средства во износ од 23.000 евра, но ниту ги добила апартманите, ниту ѝ биле вратени парите“, стои во соопштението на МВР.