Свет При бомбардирање унишетена најголемата болница во Алепо

При бомбардирање унишетена најголемата болница во Алепо

Најголемата болница во бунтовничкиот источен дел на Алепо била мета на голема офанзива на владините сили со поддршка на Русија и целосно е уништена при денешните воздушни напади.

– Болницата била директна мета за време на воздушните напади – изјави директорот на Опсерваторијата за човекови права, Рами Рахман.

Според Сириско-американското лекарско здружение (САМС) во бомбардирањето загинале три лица кои биле вработени за одржување на болницата.

Опсерваторијата не може да потврди дали авионите што го извршиле воздушниот напад припаѓале на воените сили или биле руски авиони. Владините сили со помош на руските авиони водат воздушна кампања врз бунтовничкиот дел на Алепо.