Македонија Преведени сите 401 амандмани од ВМРО ДПМНЕ за Изборниот законик

Преведени сите 401 амандмани од ВМРО ДПМНЕ за Изборниот законик

За помалку од 24 часа преведени се и архивирани сите 401 амандмани за законот за измена на Изборниот законик поднесени од опозициската ВМРО ДПМНЕ, изјави претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби. Амандманите ќе се разгледуваат на денешната седница

Вчера опозицијата побара одложување на седницата поради поднесените амандмани, со образложение дека ќе треба време да ги поминат сите собраниски филтри за да се достават до Комисијата за европски прашања.

Расправата беше отворена вчера, но веднаш беше одложена.