Економија Претставен планот за трансибирски автопат

Претставен планот за трансибирски автопат

Планот за трансибирскиот автопат, кој би ја поврзал источната граница на Русија со сојузната американска држава Алјаска, директорот на Руски железници, Владимир Јакуњин, го претстави пред Руската академија на науките.

Суперавтопатот би преминувал преку Беринговиот мореуз, кој ги разделува Азија и Северна Америка.

Проектот за Транс-евроазискиот појас „Развој“ (TEPR) предвидува изградба на голем автопат во линија со постоечката Транссибирска железница, како и на новата железничка мрежа, нафтоводите и гасоводите.

Патот би поминувал низ цела Русија и би се поврзал со постојните мрежи во Западна Европа и во Азија. Оддалеченоста помеѓу источните и западните граници на Русија изнесува околу 10.000 километри.

Сепак, во проектот сè уште не е јасно дефинирано како би се преминувало преку морето, а најкратката оддалеченост помеѓу Русија и Алјаска изнесува околу 88 километри.