Македонија Претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски позитивен на ковид-19

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски позитивен на ковид-19

Д-р Жарко Караџоски, претседател на Кoмисијата за заразни болести | Фото: Влада на РСМ

Докторот и претседател на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски е позитивен на ковид-19, соопшти Министерството за здравство.

„Според епидемиолошката анкета, д-р Караџовски деновиве немал контакти со други лица од поширокото семејство, колеги од ИЈЗ, ниту со членовите на Комисијата за заразни болести“ информираат од ресорното министерството.

Како што велат оттаму, Караџовски е дома во изолација и се чувствува добро. Во изолација останува и неговата сопруга.