Свет Европа Претседателот на Италија поднесе оставка

Претседателот на Италија поднесе оставка

Италијанскиот претседател Џорџо Наполитано поднесе оставка девет години откако стапи на функцијата, соопшти денеска неговиот кабинет.

Наполитано го потпиша писмото за оставка, кое потоа ќе го достави до премиерот Матео Рензи и до претседателите на Сенатот и на Претставничкиот дом на италијанскиот парламент. Тој пред две недели, во новогодишно обраќање до Италијанците, најави дека наскоро ќе поднесе оставка од функцијата шеф на државата.

Наполитано, кој на 29 јуни следната година ќе наполни 90 години, во новогодишното обраќање соопшти дека одлуката е лична и оти е поврзана со тоа што достигнал години кои му носат ограничувања и тешкотии во исполнувањето важни и одговорни обврски.