Свет Претседателот на Исланд одби да го распушти парламентот

Претседателот на Исланд одби да го распушти парламентот

Исландскиот претседател, Олафур Рaгнар Гримсон, ја скрати посетата на САД и се врати во Рекјавик, каде премиерот на Исланд побара распуштање на парламентот. Барањето за распуштање на парламентот следува по притисокот од јавноста по објавувањето на „Панама пејперс“, со кои е откриено дека премиерот имал офшор-компанија вредна милион долари.

Претседателот одби да го распушти парламентот и свика состанок на главните партии, јавува исландската телевизија.

Нешто пред враќањето на претседателот во земјата, неколку илјади демонстранти побараа од премиерот Сигмундур Давид Гунлаугсон да поднесе оставка, а уште еден протест е закажан за денеска попладне.

Во документите, кои во неделата беа објавени, се откриени имиња на многу светски политичари, меѓу кои и Ѓи Јаопинг, Виктор Порошенко и други.