Македонија Претседателот Иванов ќе го додели признанието „Повелба на Република Македонија“

Претседателот Иванов ќе го додели признанието „Повелба на Република Македонија“

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска ќе го додели признанието „Повелба на Република Македонија“ на пет македонски организации од дијаспората во Република Франција, Кралството Шведска, Австралија и во Канада.

Како што соопштуваат од кабинетот на претседателот, признанието ќе биде доделено на: Француско-македонската асоцијација „Блаже Конески“ од Мант ла Жоли, во Република Франција; Културното и спортско друштво „Песпа – Бирлик“ од Малме, Шведска; Охридското социјално друштво „Свети Наум Охридски“ од Мелбурн, Австралија; Австралиско-македонскиот театар од Сиднеј, Австралија и Ансамблот „Македонка“ од Торонто, Канада.

Признанието „Повелба на Република Македонија“ се доделува за особени заслуги и за достигнувања на организациите во насока на зачувување и на афирмирање на македонските историски, културни и духовни традиции и вредности, како и за придонес кон унапредување на пријателските односи и соработката со повеќе држави во светот.