Свет Свет Претседателот Барак Обама во посета на Кенија

Претседателот Барак Обама во посета на Кенија

Американскиот претседател Барак Обама вечерва ќе пристигне во официјална посета на Кенија и првпат ќе ја посети татковината на својот татко, откако е на претседателска функција. Со неа ја почнува турнејата низ Африка, каде што е предвидено да ја посети и Етиопија.

Се очекува дека Обама за време на посетата во Најроби, ќе се сретне со своите роднини, но не е во план да отпатува во селото од кое потекнува семејството на неговиот татко.

Кениските власти преземаат силни мерки на безбедност за да го заштитат американскиот претседател од сомалиските милитанти поврзани со Ал каеда. Делови на Најроби ќе бидат блокирани, а воздушниот простор – затворен за време на слетувањето и на полетувањето на авионот на Обама.

Предвидено е Обама во Кенија да се обрати на учесниците на самитот за претприемништво и да одржи состанок на тема трговија и инвестиции, безбедност и контратерористички мерки, како и демократија и човекови права.