Македонија Претпладне значително облачно, а во текот на денот сончево и топло

Претпладне значително облачно, а во текот на денот сончево и топло

Времето во раните утрински часови e значително облачно со слаб локален дожд, а во текот на денот ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува умерен јужен ветер, кој во јужните делови од земјава повремено ќе се засилува.

Температурата ќе се движи од 19 до 29 Целзиусови степени.

Во Скопје се очекува слично време со температура до 28 Целзиусови степени.