Македонија Претпладне сонце, попладне облаци

Претпладне сонце, попладне облаци

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Кон крајот на денот во западните делови ќе има зголемување на облачноста со услови за локален дожд.

Утринската температура ќе се движи од еден до девет, а дневната од 24 до 31 Целзиусов степен.

Во Скопје слично време, сончево со умерена облачност и со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 29 Целзиусови степени.

Утре кон крајот на денот ќе има спуштање на постудена воздушна маса од север. Ќе почне да дува засилен северен ветер кој во наредните денови ќе услови значителен пад на температурата на воздухот.