Македонија Претпладне сончево време, попладне нестабилно со пороен дожд

Претпладне сончево време, попладне нестабилно со пороен дожд

Во претпладневните часови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, додека попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град.

УВ индексот ќе изнесува 7.

Ќе дува умерен ветер од североисточен правец.

Минималните температури во земјава се движеа од 14 до 20 Целзиусови степени, а максималните ќе изнесуваат меѓу 23 и 34 Целзиусови степени.