Македонија Претпладне сончево, попладне со дожд

Претпладне сончево, попладне со дожд

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има нестабилност со локален пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 8 до 16 Целзиусови степени, а дневната од 24 до 30 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за развој на нестабилност со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 28 Целзиусови тепени.

В среда условите за нестабилност ќе бидат помали. В четврток се очекува преодно стабилизирање на времето, а од петок повторно ќе биде нестабилно со дожд и со грмежи.