Македонија Претпладне облаци, попладне дожд

Претпладне облаци, попладне дожд

Есен

Утринава ќе биде умеренo облачно со повремени сончеви периоди.

Попладне, пак, претстои ново наоблачување, кое ќе донесе дожд, но пред сè во западните и во северните краишта.

Тие ќе бидат со слаб интензитет, со тенденција на зачестување во текот на вечерта. Ќе дува претежно слаб југоисточен ветер.

Максимална температура околу 15 Целзиусови степени се очекува во котлините на северниот и на источниот регион. Југозападниот регион очекува топол ден со максимални 16 степени. Во југоисточниот крај температурата ќе достигне до 18. степен.