Македонија Претпладне облачно, попладне дождливо

Претпладне облачно, попладне дождливо

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во текот на попладневните часови ќе има зголемување на облачноста во поголемиот дел од земјата. Во текот на ноќта кон петок и в петок претпладне ќе има слаби локални врнежи од дожд.

Утринската температура ќе се движи од минус 3 до 3 Целзиусови степени, а дневната од 15 до 21 Целзиусов степени.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево, со мала, а во попладневните часови со значителна облачност. Претпладне ќе дува слаб јужен ветер, кој во текот на попладнето ќе го смени правецот во северен. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе се искачи до 18 Целзиусови степени.

За време на викендот ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а во југоисточните делови ќе има услови за локален дожд.

Од понеделник под влијание на серија влажни бранови ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет и ќе дува засилен јужен ветер.