Македонија Претежно облачно време со локален дожд, температурата до 15 степени

Претежно облачно време со локален дожд, температурата до 15 степени

Времето денеска ќе биде претежно облачно и постудено, со локални врнежи од дожд, особено во југоисточните делови. Ќе дува умерен северен ветер.

Дневните температури ќе се искачат до најмногу 15 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе преовладува слично време, со слаби врнежи од дожд и умерен северен ветер.  Дневната температура ќе достигне до 14 Целзиусови степени.