Македонија Претежно облачно и дождливо време, со температура до 17 степени

Претежно облачно и дождливо време, со температура до 17 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно, со повремен локален дожд, кој се очекува во претпладневните часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура се движи од 8 до 15 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 11 до 17 степени.

Во Скопје се очекува слично време, претежно облачно со повремен дожд и со ветер од северен правец. Дневната температура во главниот град ќе достигне максимални 15 Целзиусови степени.