Свет Европа Престрелка во Визбаден, едно лице убиено и двајца ранети

Престрелка во Визбаден, едно лице убиено и двајца ранети

Едно лице загина, а две се повредени при престрелка во градот Визбаден, главниот град на сојузната германска држава Хесен, соопшти локалната полиција.

Инцидентот се случил во округот Бибрих, а мотивот засега не е познат.

Напаѓачот се скрил, а полицијата во потрагата вклучила дополнителни единици и хеликоптер.

Убиена е 59-годишна сопственичка на киоск, а нејзините 63-годишен сопруг и 21-годишен внук се тешко повредени.

Заднината на злосторството не е позната и во тек е потрага по напаѓачот. Полицијата упати предупредување на радио и на „Твитер“: „Не примајте автостопери, лица кои носат темнозелена виндјакна, капа, фармерки и зелен ранец“.