Свет Свет Престрелка во Орландо

Престрелка во Орландо

Неколку лица се убиени во престрелка што се случила во источниот дел на градот Орландо, во сојузната американска држава Флорида.

Канцеларијата на шерифот на Оринџ Каунти го нарече пукањето „трагичен инцидент“, но не откри колку жртви има, ниту други детали.

Во Орландо следната недела треба да се обележи првата годишнина од пукањето во ноќниот клуб „Пулс“, во кој беа убиени 49 лица.