Македонија Премиерот Ковачевски со честитка за Божиќ до верниците

Премиерот Ковачевски со честитка за Божиќ до верниците

„Овој празник нека ги осветли со надеж и со радост сите домови. Посакувам празничните денови да ги поминеме во добро здравје, меѓу саканите, во мир и благослов. Христост се роди! Честит Божиќ!“, напиша премиерот Ковачевски во телеграмата до поглаварот на МПЦ-ОА, г.г.Стефан

Фото: Влада на РСМ

Премиерот Димитар Ковачевски, во чест на големиот христијански празник Рождество Христово – Божиќ, во име на Владата и во свое име, упати телеграма со честитки до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, до Светиот архиерејски синод, свештенството и монаштвото и до сите граѓани кои денеска празнуваат.

„Раѓањето Христово – Божиќ, секоја нова година, симболизира нов почеток и со тоа отвора нова можност, поискусни, помудри и со чисти мисли да пристапиме кон нови добри дела, што носат добро за сите. Само солидарни, истрајни во вербата и со храбри чекори напред, како што покажува и Христовото дело, можеме да го постигнеме посакуваниот спокој и да осигуриме просперитет“, пишува во честитката по повод Божиќ од премиерот Ковачевски.

Тој посака љубов, почит, грижа и разбирање на секој човек.

„Овој празник нека ги осветли со надеж и со радост сите домови. Посакувам празничните денови да ги поминеме во добро здравје, меѓу саканите, во мир и благослов. Христост се роди! Честит Божиќ!“, напиша премиерот Ковачевски во телеграмата до поглаварот на МПЦ-ОА, г.г.Стефан.