Економија Премиерот Груевски со владина делегација на бизнис-форум во Будимпешта

Премиерот Груевски со владина делегација на бизнис-форум во Будимпешта

Премиерот Никола Груевски, заедно со владина делегација, денеска присуствуваше и се обрати на бизнис-форум во Будимпешта.

Владината делегација ги презентирала поволностите и бизнис-можностите што ги нуди државата пред поголем број глобални компании, чии регионални центри се лоцирани во Будимпешта, како и пред унгарски компании од областа на енергетиката, здравството, инфраструктурата, туризмот и од други стопански гранки.

Бизнис-форумот се одржал во соработка со Американската стопанска комора во Унгарија.

Премиерот Груевски денеска оствари средба и со унгарскиот премиер Виктор Орбан.