Македонија Премиерот Груевски се сретна со претседателот на албанскиот парламент, Илир Мета

Премиерот Груевски се сретна со претседателот на албанскиот парламент, Илир Мета

Премиерот Никола Груевски денеска се сретна со претседателот на Собранието на Република Албанија, Илир Мета.

На средбата било дадена позитивна оцена за билатералните односи кои се карактеризираат со средби на највисоко ниво. Двете страни ја изразиле својата посветеност кон европските и евроатлантските интеграции како клучни стратегиски определби на двете земји. Соговорниците ја истакнале својата заложба за унапредување и за продлабочување на економските односи, трговската размена и на соработката на реализацијата на инфраструктурни проекти.

Соговорниците разговарале и за можностите за продлабочување на соработката во областа на туризмот и други стопански сектори од заемен интерес.