Македонија Премиерот Димитриев бара пратениците да изгласаат нов министер без ресор

Премиерот Димитриев бара пратениците да изгласаат нов министер без ресор

Само неколку дена пред распуштањето на Собранието, премиерот Емил Димитриев бара од пратениците да изберат нов министер без ресор.

Предлогот за разрешување на Фуркан Чако од Демократската партија на Турците и за назначување на Бејџан Иљас на негово место, во Собранието стигнал доцна попладнево.

Сè уште никој не објаснил зошто се бара разрешување на Чако.

Според биографијата што Димитриев ја доставил до Собранието, 40-годишниот Иљас е лекар во Клиничката болница во Тетово.