Ctrl - Z Премиера на „Безвременски Прикаски” утре во МКЦ

Премиера на „Безвременски Прикаски” утре во МКЦ

„Безвременски прикаски” е претстава со карактер на музичко-сценски и танцов перформанс, која опфаќа седум раскази на познатиот писател Франц Кафка.

Утре во Младинскиот Културен Центар – MKЦ во 21:30 часот ќе се одржи премиерата на проектот “Безвременски прикаски” во режија на Ирена Лозинска.

Како што опишуваат во соопштението, „Безвременски прикаски” е претстава со карактер на музичко-сценски и танцов перформанс, која опфаќа седум раскази на познатиот писател Франц Кафка.

Четирите учесници-актери преку танцови форми и техники ги оживуваат прикаските на Кафка, додека Енес Беговски – авторот на музиката за претставата, со својот Ханг (ударен музички инструмент), ја дополнува атмосферата со живи музички ефекти.

Претставата трае 45 минути и нуди уникатна можност за актери да се изразат преку иновативни танцови форми и да ја искористат својата способност за