Македонија Прекршочна постапка за „Еуро-турист“ и 45 евра глоба за возачот, поради оптовареност...

Прекршочна постапка за „Еуро-турист“ и 45 евра глоба за возачот, поради оптовареност на автобус со патници

Министерството за внатрешни работи соопшти дека со случајот на преоптовареност на автобусот „Еуро-турист“ Гостивар, за возачот е изречена глоба во износ од 45 евра и 20 негативни поени, а за компанијата е покрената прекршочна постапка, пренесува „Порталб.мк“.

„Ве известуваме дека на 23 мај околу 18. 30 часот од страна на патролата на Секторот за безбедност во патниот сообраќај – Скопје е преземена мерка во врска со преоптоварување на патнички автобус со гостиварски регистарски таблички, кој што сообраќал на релација Скопје – Гостивар. Против возачот е изречена глоба, а против правното лице е поднесено барање за спроведување на прекршочна постапка“, изјавија од МВР за „Порталб.мк“.

Според членот 163 од Законот за безбедност во патниот сообраќај, во случај на преоптовареност на автобусот, на шоферот му се изрекува глоба во износ од 45 евра и му се запишуваат 20 негативни поени.

Сличен случај, „Порталб.мк“ пријави пред само еден месец со истата транспортна компанија, која само два дена по објавување на веста беше санкционирана од МВР.

Граѓаните ваквите проблеми може да ги пријават во полиција на телефонскиот број 192, поплаките можат да ги поднесат до Организацијата на потрошувачи на Македонија.